Утрово сончево и топло, попладне нестабилно со дожд
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места во форма на невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата во престолнината ќе се движи од 14 до 27 степени Целзиусови.
Утре слично време, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.