ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ПОМАЛКУ ЕФИКАСНА КАЈ ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ СОЈ, ПОКАЖУВА ИЗРАЕЛСКА СТУДИЈА

//

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер и Бионтек“ до одреден степен, открива нова израелска студија.

Студијата, објавена во саботата, учествувале речиси 400 луѓе кои биле позитивни на Ковид-19, 14 дена или повеќе откако примиле една или две дози на вакцината, наспроти ист број на невакцинирани пациенти со оваа болест. Меѓу другите карактеристики, кај учесниците се совпаѓала возраста и полот.

Утврдено е дека јужноафриканскиот сој, Б.1.351, сочинува околу 1% од сите случаи на Ковид-19 кај сите учесници, според студијата на Универзитетот во Тел Авив и најголемиот добавувач на здравствени услуги во Израел, Клалит. Но, кај пациентите кои примиле две дози на вакцина, стапката на преваленца на сојот била осум пати поголема од невакцинираните – 5,4% наспроти 0,7%.

Ова сугерира дека вакцината е помалку ефикасна во однос на јужноафриканскиот сој, во споредба со оригиналниот коронавирус и сојот за прв пат идентификуван во Велика Британија, која ги опфаќа скоро сите случаи на Ковид-19 во Израел, велат истражувачите.

Истражувачите предупредуваат дека студијата има само мал примерок на луѓе заразени со јужноафриканскиот сој поради нејзината реткост во Израел.



Тие исто така велат дека истражувањето нема за цел да ја заклучи целокупната ефикасност на вакцините против кој бил сој, бидејќи во нив се гледаат само луѓе кои веќе биле позитивни на Ковид-19, а не според вкупните стапки на инфекции.

„Фајзер“ одби да ја коментира израелската студија.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ЌЕ СЕ ОГРАНИЧАТ ЦЕНИТЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИ СО КОРОНАВИРУС ВО ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ

Следна статија

540 КОМПАНИИ ЗА ПРВ ПАТ АПЛИЦИРАЛЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ

Најново од Вести