|

„Вардариште“ трети ден под чад – жителите најавуваат секојдневни протести

Депонијата „Вардариште“, која викендов беше зафатена од голем пожар, и денеска продолжува да испушта густ чад. Утрово граѓаните повторно се гушеа во отровните испарувања од старата депонија. За денеска е најавен и протест.

Со децении жителите бараат трајно решение за „Вардариште“, но депонијата и понатаму е извор на загадување. Последниот пожар ја стави под лупа на инспекциските служби и полицијата, но и во фокусот на актуелните и кандидатите за градоначалници, кои вчера го посетија просторот со низа нови ветувања.

Жителите на Ново Лисиче и Аеродром се решени на секојдневни протести сè додека не се најде итно и трајно решение.



Слични Објави