ВАРДАРОВИОТ ТАЛЕНТ СЕРАФИМОВ ЌЕ ИГРА ВО ВТОРА ЛИГА ВО ЧЕШКА

/

Вардаровото дете и еден од големите таленти на црвено-црните, Никола Серафимов, пате младински репрезентативец до 21 година на Македонија ќе игра во чешката Втора лига, откако веќе ги започнал подготовките со новиот тим.

Иако српски Вождовац и хрватски Осиек се споменуваа зимава како потенцијални дестинации за Серафимов, кој од Вардар си замина непосредно пред заминувањето на црвено-црните во Анталија, сепак младиот стопер ќе игра во Височина Јихлава, клуб кој моментно е второпласиран во чешката Втора лига и кандидат да избори место во елитната лига.

Серафимов си замина од Вардар откако поднел тужба до ФФМ, а поради финансиските проблеми на црвено-црните и долгото доцнење со исплатата на плата, практично младинскиот репрезентативец си доби чисти документи за да си бара нов ангажман. Бидејќи веќе е објавено дека Серафимов ги започнал подготовките, деновиве веројатно Јихлава и официјално ќе го промовира своето ново засилување, кое есеноска запиша 12 настапи за Вардар.

Стоперот од пионери беше дел од Вардар, а пролетоска во минатата сезона играше за штипска Брегалница на заем, пред да се врати во матичниот клуб за да ја пополни дупката на стоперската позиција по заминувањето на Коста Манев во мостарски Вележ.



Втората лига во Чешка стартува на 6 март, па Серафимов има доволно време за да фати ритам и да се подготви на најдобро ниво за да конкурира за место во тимот. Јихлава моментно има 32 бода по 16 кола, три помалку од лидерот Парадубице, а бод повеќе од Брно и Дукла Прага.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ДВАЈЦА СКОПЈАНИ ПОВРЕДЕНИ ОД ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ВО БУТЕЛ

Следна статија

ДЕНДИЈАС: ИДНИНАТА НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН Е ВО ЕУ

Најново од Вести