Вархеји: Пораката до земјите од Западен Балкан е јасна- да се направи се’ за владеење на правото
Пораката до земјите од Западен Балкан е јасна – да се направи сe’ за владеење на правото. Само така ќе има добра инвестициска клима. Оваа година треба да го промениме начинот на кој го спроведуваме проширувањето, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, јавува БГНЕС.
„Треба економски да ги интегрираме земјите од Западен Балкан уште пред да се приклучат, за подоцна да го олесниме процесот на интеграција. Новите членки од овој и од другите региони ќе придонесат за ЕУ и за соработката на полето на безбедноста и ширењето на безбедносното поле и ширењето на европскиот социјален систем“, изјави Вархеји и прецизираше дека Балканот станува регион што привлекува се повеќе и повеќе инвестиции. „Географски се добро лоцирани, но немаат фундаментални карактеристики за развој, како во Западна Европа, во однос на инфраструктурата и главно патните врски. Има пропуштени можности и придобивки“, нагласи еврокомесарот.
„Русија предизвика проблеми во три земји во регионот кои сакаат просперитет преку членството во ЕУ“, рече Вархеи и продолжи:
„Пропуштивме повеќе од 5 години. Ја имавме ЕК, која го забави проширувањето и тоа имаше влијание. Но, времињата се сменија и сега земјите-членки имаат јасна перспектива и знаат дека во нивен интерес е да интегрираат се повеќе земји во унијата“, понатаму нагласи Оливер Вархеји и прецизира дека на агендата на самитите е и овој процес.
„Стратегијата започнува со интеграција на нашите соседни земји и мораме да се прилагодиме на новата реалност.
Да работиме за имплементација на оваа стратегија“, повика и тој.
„Сведоци сме на историски дефицити, од кои некои нема напредок. Треба да обезбедиме подобра поврзаност, дигитална економија и директни инвестиции за да создадеме нови работни места. ЕУ мора да ги преземе сите одлуки, големи или мали, за проширување во правец на Западен Балкан“, додаде Оливер Вархеји.
Еврокомесарот прецизираше дека мора да бидеме подготвени за храбри политички одлуки и тоа е заедничко за сите земји.
„Луѓето треба да ја видат разликата. На пример, проектот за инфраструктурна железница Белград-Ниш е вреден 2,6 милијарди евра инвестиции. Ова ќе остане во главите на генерациите“, нагласи тој.
„Мојот пристап е дека мораме да бидеме на терен и да ги исполниме ветувањата и покрај конкуренцијата од земји како Кина. Важни сектори се енергетиката, климата, во кои се преземаат важни чекори.
Се оформува нов пристап. Треба економски да ги интегрираме земјите од Западен Балкан уште пред да се приклучат, за подоцна да го олесниме процесот на интеграција. Клучот е во тоа што ја научивме лекцијата – претходно да си ја завршиме работата.
Имаме добри примери како Албанија и реформите во правосудниот систем, но генерално патот е долг и има многу проблеми што треба да се решат“, коментира Вархеји.
„Борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и владеењето на правото, се суштински елементи на секоја инвестициска клима“, додаде европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји.