ВАСИЛЕВСКИ И САВЕВСКИ ОД ЛЕВИЦА ГО ОБВИНИЈА АПАСИЕВ ДЕКА ФАЛСИФИКУВАЛ ДОКУМЕНТИ
Двајцата членови на президиумот на Левица, Зоран Василевски и Здравко Савевски, денеска на прес конференција пред Граѓанскиот суд го обвинија Димитар Апасиев дека фалсификувал документи и дека одлуката на судот дека Апасиев е правен застапник на Левица го поткопува принципот на владеење на правото.
Василевски истакна дека на седница на централниот комитет уште во февруари било одлучено Левица да не поддржи ниту еден од претседателските кандидати.
Савевски пак, истакна дека со овој судски спор се докажало дека судството дополнително го уништува владеењето на правото.

