Важна информација за изборите во Бугарија и граѓаните на РСМ, кои се и бугарски државјани
Бугарската Централна изборна комисија ја активира страната за регистрирање за електронско пријавување за гласање на парламентарните избори на 27 октомври во Бугарија. Сите што сакаат да се регистрираат за гласањето online можат да го направат тоа до 1 октомври годинава. Сите граѓани на РС Македонија, кои поседуваат и бугарски документи за идентификација, можат да се регистрираат и да гласат на изборите.
Освен по електронски пат преку веб-страницата на ЦИК, апликацијата може да се поднесе и лично до дипломатско или конзуларното претставништво на Бугарија во соодветната земја. Може да се испрати и по писмо по пошта или со курирска служба до бугарското дипломатско претставништво во одредената земја, а во едно писмо може да има повеќе од една апликација, но секоја апликација може да биде напишана само од едно лице и мора да биде потпишана своерачно.
Според Изборниот законик, избирачките места надвор од државата се формираат во бугарските дипломатско-конзуларни претставништва, кога се поднесени не помалку од 40 пријави за гласање во странство. Законот предвидува и организациите на бугарските граѓани да можат да дадат предлози за локацијата на избирачките места до раководителите на бугарските дипломатски служби, најдоцна до 1 октомври годинава.
ЦИК до 5 октомври 2024 година мора да го утврди бројот на секции и избирачки места надвор од државата.
