ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ ШТО ПОСЕДУВААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ ПРЕД ИСТЕКУВАЊЕ И УШТЕ НЕ СЕ ВРАТЕНИ ДОМА
До денеска, 11 држави потврдиле дека заради пандемијата на коронавирус ќе ги признаат бугарските лични документи истечени меѓу 13 и 31 октомври 2020 година.
Државите кои нема да прават проблем за валидноста на документите се – Австрија, Велика Британија, Грција, Ирска, Катар, Норвешка, Словачка, Турција, Франција, Хрватска, Чешка, јавува бугарското Министерство за надворешни работи.
Други 7 земји во моментов ги признаваат со посебни услови истечените бугарските документи – Словенија, Португалија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Иран, Индонезија и Нигерија.
Словенија ќе ги признае за валидни документите кои истекуваат до крајот на јули 2020 година. Португалија ќе ги признае како валидни сите лични документи кои истекуваат од 1 март до 30 јуни 2020 година.
Црна Гора ќе ги смета за валидни документите на сите граѓани присутни на територијата на Црна Гора во моментот на прогласената вонредна состојба.
Босна и Херцеговина им овозможува на странските државјани, кои не ја напуштиле земјата заради мерките СОВИД-19 и чии документи истекле или истекуваат, да го продолжат својот престој во земјата.
Поради ситуацијата со коронавирусот, Иран автоматски ги продолжи визите на сите странски државјани на територијата на земјата за 3 месеци.
Индонезија и Нигерија изразиле подготвеност да им помогнат на бугарските државјани кои сакаат да се вратат дома.
Бугарските државјани со истечени лични документи кои се во земја што не ги признава, можат да се вратат во Бугарија со привремен пасош издаден од бугарската конзуларна служба.
Оние бугарски државјани кои немаат можност да се вратат и имаат итна и оправдана потреба да ги обноват своите истечени лични документи, можат да аплицираат за обновување со претходно регистрирање на час во бугарска конзуларна служба.