„НИКОЈ НИШТО НЕ ИМ МОЖЕ БУМ БУМ“ ПОЛИЦАЈЦИ СИ ПРАВАТ КАРАОКЕ ЗАБАВА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Забава со караоке шоу и ора се виеле во тетовското село Копанце, каде присуствувале и полициски службеници за време на најдолгиот полициски час во земјава, јавува А1он.мк
Од снимките до кои дојде „А1он“ може да се види дека на забавата имало повеќе од десет лица, а журката траела до доцните вечерни часови. Владата со уредба го забрани групирањето на повеќе од пет лица, а тоа го прекршиле сите, вклучувајќи ги и двајцата полицајци со високи чинови во МВР, односно кои работат како началници во две различни полициски станици.