| |

ТРАМП ЈА ПОТВРДИ НАМЕРАТА ЗА ЦЕЛОСНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АМЕРИКАНСКИТЕ ТРУПИ ОД АФГАНИСТАН

Во своето обраќање пред Конгресот, американскиот претседател Доналд Трамп ја повтори својата намера да ги повлече американските трупи од Авганистан.

„Во Авганистан, одлучноста и квалитетот на нашите борци ни дозволија да оствариме огромен напредок, а мировните преговори започнаа“, рече Трамп во говорот пред Конгресот на САД.

„Не е наша работа да служиме како тело за спроведување на законот во други земји“, додаде тој, повторувајќи дека САД треба да ја заврши најдолгата американска војна и да ја врати својата војска дома.

„Ние работиме за крај на војните на Америка во Блискиот исток“, истакна Трамп.



Слични Објави