|

ТУРЦИЈА ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВ БЕГАЛСКИ БРАН ШТО ЌЕ ЈА ПОГОДИ ЕВРОПА

Европа може да се соочи со нов бран бегалци доколку не посвети внимание на предупредувањата на Турција за ситуацијата во сириската провинција Идлиб, изјави портпаролот на Партијата за правда и развој (АКП) Омер Челик, пренесе турската информативна агенција Анадолија.

„Ако не се земат предвид предупредувањата на Турција, раселувањето на бегалците во голема мерка ќе ја погоди Европа, рече Челик.

Нападите на сирискиот претседател Башар ал Асад принудија околу 40.000 цивили да ги напуштат своите домови во Идлиб во последните неколку дена.



Слични Објави