| |

Вечерва во Албански театар Скопje ќе се одржи премиерата на претставата „Без крв“ на Драмски театар Пловдив и велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“

Во отворената галерија на бугарскиот Културно информативен центар во Скопје се одржа прес- конференција по повод премиерата на театарската претстава ,,Без крв” која ќе се одржи вечерва си почеток од 20 часот во Албанскиот театар во Скопје.

Директорката на БКИЦ Скопје, Антонија Велевс, ја откри прес-конференцијата а пред новинарите се обратија Александар Секулов- драматург , Маргита Гошева- актерка , Васил Зафирчев- актер, Константин Еленков- актер, Олга Панго-кореограф , Сузана Арутјунан-Василевска- директор на Драмски театар Пловдив и Крстјо Крстев- арт директор на Драмски театар Пловдив.

Претставата ,,Без крв” на Драмски театар Пловдив по истоиментото дело на Алесандро Барико со режисер Дијана Добрева , ќе биде претставена во рамките на 49-тиот театарски фестивал MOT theatre festival . Претставата е копродукција на Драмски театар Пловдив и театарот ,,Јордан Хаџи Константинов -Џинот” од Велес .

,,Не ја пропуштајте можноста вечерва да го видите овој светски театарски спектакл ,,Без крв”. Билети на касата на МКЦ и online на www.bileti.mkc.mk

Слични Објави