ВЕЧЕРВА ВО ПРИЛЕП СЕ ОТВОРА 53.МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Вечерва во Прилеп свечено се отвора 53-тиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој ќе трае до 15 јуни, а се одвива во Центарот за култура , „Марко Цепенков“ …

Фестивалот ќе го отвори претставата „Ничија земја“ од Денис Тановиќ во режија на Александар Морфов, а во продукција на Македонскиот народен театар.

Селекторката и уметнички директор, Катарина Коцевска во натпреварувачкиот дел одбра 12 претстави од националните театари од земјава.

Годинашни добитници на наградите за животно дело се актерот Петре Арсовски, кој на сцената на МНТ одиграл ликови во 52 претстави, 15 на други сцени, 77 во македонски филмови и серии и композиторот Љупчо Константинов кој напишал повеќе забавни композиции, над двестотини аранжамни и соработувал со голем број имиња од театарската и филмската уметност.



Слични Објави