ВЕЉАНОВСКИ ЖАЛИ ШТО СЕ СЛУЧИЛ „27 АПРИЛ“

//

Навистина жалам за тоа што се случи потоа. Имаше жртви, некои физички, а некои политички, но сите заедно сме жртви и изгубивме многу, наведе во својата одбрана првообвинетиот Трајко Вељановски, јавува Слободен печат.

Деловникот на Собранието секогаш ми бил водилка и доследно сум го почитувал, а тоа го потврдија и сведоците Зоран Заев, Петар Атанасов, Никола Тодоров. На 27 април 2017 година во 18.01 ја прекинав Конститутивната седницата и закажав продолжение за следниот ден. Навистина жалам за тоа што се случи потоа. Имаше жртви, некои физички, а некои политички, но сите заедно сме жртви и изгубивме многу, наведе во својата одбрана првообвинетиот Трајко Вељановски, на денешното судењето за организаторите на случувањата на 27 април 2017 година.

Прашан дали и каква комуникација имал со останатите обвинети на 27 април 2017 година, поранешниот собраниски спикер Вељановски рече дека со Владимир Атанасовски немал никаква комуникација и дека го запознал во судница, со Миле Јанакиески имал службена комуникација додека бил министер, но во 2017 година никаква комуникациа, додека со Спиро Ристовски имал само службена комуникација, а на 27 април се чул со него за да се информира за инспекциски надзор на просветен инспекторат на некој факултет.



Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

РУСКОВСКА: ЦЕЛА ГОДИНА СЕ СОБИРАА ДОКАЗИ ЗА АКЦИЈАТА ВО ГРЧЕЦ И ГАЗИ БАБА

Следна статија

НА ИНФЕКТИВНИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА ВО ЗЕМЈАВА СЕ ЛЕКУВААТ 835 ПАЦИЕНТИ

Најново од Вести