ВЕЛОСИПЕДИСТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ
Скопјанецот Н.С.(60) со тешки повреди бил хоспитализиран во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ по сообраќајна несреќа која се случила вчера.
Од МВР информираат дека несреќата е пријавена во 9:40 часот, а истата се случила на крстосницата од улицата „Цветан Димов“ и улицата „Коста Абрашевиќ“.
-Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Пежо 106“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(60) од Скопје и велосипед управуван од Н.С.(60) од Скопје. Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

