Венгу: Коридорот 8 е интегриран во стратешките планови на НАТО
Коридорот 8, кој ги поврзува Бугарија и Албанија преку Република Северна Македонија, е официјално интегриран во стратешките планови на НАТО. Информацијата ја соопшти албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу на состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата, пренесе БГНЕС.
Според Венгу, одлуката ќе ја зајакне улогата на поморската база Порто Романо како клучна точка за операции на Западен Балкан и на источниот фланг на НАТО.
Коридорот 8 има стратешко значење за безбедноста не само на земјите низ кои минува, туку и за поширокиот регион, вклучително Турција, Италија и Романија.
Реализацијата на проектот, која досега се соочуваше со политички пречки од одделни земји, се очекува да придонесе и за економски развој на Бугарија, Албанија и Северна Македонија.

