Венко Филипче во работна посета на Франција
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска престојува во еднодневна работна посета на Франција, информираат од партијата.
Во Париз, Филипче ќе оствари средби со повеќе претставници на француските институции и дипломатскиот корпус. Меѓу нив е средбата со Лилиана Танги, пратеничка и потпретседателка на групата за пријателство Франција – Северна Македонија во Националното собрание.
Претседателот на СДСМ ќе се сретне и со Жозеф Жустиниани, шеф на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања, како и со Брис Рокфеј, директор за Континентална Европа при француското Министерство за Европа и надворешни работи. Во агендата е вклучена и средба со специјалниот претставник за Балканот, Рене Троказ.
Покрај институционалните средби, Филипче ќе разговара и со Бенжамин Куто, истражувач во Институтот „Жак Делор“.
Главна тема на разговорите ќе биде напредокот на реформската агенда и тековниот статус на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, стои во соопштението на СДСМ.
