ВЕРНИОТ ИСТОК СО НАЈСТАРО И НАЈСИРОМАШНО НАСЕЛЕНИЕ

//

Источниот регион со најстаро и најсиромашно население. Интензивниот тренд на секојдневно иселување на младите од државата, регионот драматично го стареат.

Овој, веќе децениски процес алармантно го намали и наталитетот, па училиштата овде се полупразни. Пример за тоа е последната уписна година кога се запишаа 320 помалку ученици во прво одделение и околу 700 помалку во средно.

Првата деценија од интензивните демографски промени на Регионот му го донесоа статусот  со најстаро население во државата. Просекот на жители овде е 42 години за мажи и  44 за жени.

Ова потврдува дека, во Регионот старее сé, па статистиката вели дека освен луѓето овде најстари се и куќите, овоштарниците и стоката.

Дали регионот, всушност, ги последните децении:

„Со текот на времето,географски земено, во источна Македонија ќе се намали наталитетот и ќе исчезнеме како народ. Ако продолжиме вака како што е,ќе исчезнеме како нација. Тоа е штета за нас“, велат анкетирани граѓани.

Поради староста на населението, стопанството се соочува со  ниска продуктивност и неефикасност, што на крајот резултира со затворање на сé повеќе фирми и ниски плати. Работниците  во Регионот се најмалку платени во државата, со просечна плата од 16.000 денари:



„Самата структура на вработените покажува дека се работи за луѓе во поодминати години во својот работен век.Тие веќе својот врв на продуктивноста го имаат дадено сега останува само да го доработат оној свој работен век за да го остварат правото на пензија.Апсолутно тоа значи стагнација на платите и стагнација на намалена продуктивност“, ијави Глигор Иванов, економски аналитичар.

Има ли генерално решение за оваа ситуација:

„Треба да се подобри економската состојба,тоа ќе ги задржи младите овде,исто така да се намали и стажот за одење во пензија“, смета штипјанка.

„Нема спас. Ги нема младите,сите отидоа во странство.Никој не сака да работи за минимална плата. Ни нема спас , смета жител на Пробиштип.“

Дека е така потврдува и фактот што со години наназад, повеќе овдешни дечиња се раѓаат и живеат во европските земји, отколку во општините од Регионот.

Извор: ТВ Стар

Претходна статија

ВО ПРИШТИНА УАПСЕНИ ТУРЧИН И АЛБАНКА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ТРГОВИЈА СО ОРГАНИ

Следна статија

ВИДЕО: ШТО ЗБОРУВАШЕ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЗА КАТИЦА ЈАНЕВА ПРЕД 4 ГОДИНИ

Најново од Вести