|

Верувам во исправноста на политиките што ги спроведуваме, вели Бочварски

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во коментар на резулатите од истражувањето на ИРИ за ниска доверба на граѓаните во институциите рече дека верува во исправноста на политиките што ги спроведуваат, пишува zoom.mk.

Бочварски на прес-конференција го промовираше новиот Јавен повик за финансиска поддршка на авиолинии и истакна дека е убеден во придобивките за граѓаните и за развој на државата од проектите што се спроведуваат во неговиот ресор, за нови патишта, за пругата кон Бугарија чија изградба почна повторно на крајот на октомври, можностите за поставување фотоволтаици…

-Убеден сум дека сите овие политики граѓаните ги препознаваат и ќе ги препознаваат дополнително бидејќи се работи за исклучително значајни политики, во исклучително тешко време, коишто се водат на исклучително транспарентен начин, рече Бочварски.



Слични Објави