Ветото беше бугарско на почетокот, сега ветото е европско*
Став на Димитар Стојанов, потомок на македонски Бугари
Почитувани, ја гледав последната епизода на емисијата Коридор 8, во која гостин беше почитуваниот Љубчо Георгиевски. Како потомок на Бугари од Македонија не можам да не се согласам со некои негови ставови поврзани со бугарскиот комунистички наратив, кој поради влијанието на Сталин, бил повеќе од уништувачки за нас македонските Бугари. Ми направи впечаток дека г-нот Георгиевски го постави фокусот на ветото од страна на Република Бугарија кон Република Северна Македонија, поради неодобрувањето на преговарачката рамка за влез во ЕУ.
Во однос на тоа сакам да претставам некои мои видувања. Погледнато без вишок емоции нема потреба од големи приказни :
- Бугарија сака РСМ да биде дел од нашето европско семејство. Причина за голема радост би било доколку тоа го посака и Скопје.
- Ветото беше бугарско на почетокот затоа што Скопје ОДБИ ДА ГО СПРОВЕДУВА ДОГОВОРОТ ОД 2017. Ветото денес е ЕВРОПСКО и зад него стојат 27 европски земји.
- Ветото ќе исчезне за 24 часа доколку се дадат силни уставни гаранции за правата на Македонските Бугари и во учебниците се внесе Општата историја веќе е признаена со Договорот.
Сè друго е… старата игра на одредени кругови во Северна Македонија да си играат на четири очи со патриотизмот на Бугарите од Бугариjа додека всушност се обидуваат да ги озаконат резултатите од 80-годишниот крвав Божик. Како што велат шопите – “Нема’стане”
* Насловот е на редакцијата
