Америка се подготвува за катастрофален ураган: „Немаме повеќе време“
Ураганот Хелен продолжува да се зајакнува додека се движи кон американскиот брег на Мексиканскиот залив. Ураганот од прва категорија најверојатно ќе се засили во опасен ураган од четврта категорија кога ќе падне на копно на Флорида оваа вечер по локално време.
Официјалните прогнози и предупредувања велат дека невремето ќе биде катастрофално и опасно по живот. Гувернерите на американските сојузни држави Флорида, Џорџија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба пред бурата да стигне на копно. Мексиканскиот полуостров Јукатан и туристичките места Канкун и Козумел беа поштедени од големи штети бидејќи ураганот во голема мера го заобиколи североисточниот брег на Мексико, пишува Би-би-си.
Силните дождови предизвикаа поплави во делови од мексиканската држава Кинтана Ру. Снимката споделена од туристи и локалното население во Канкун покажува автобуси кои се обидуваат да се движат по поплавените улици во област каде што се наоѓаат многу хотели во градот.
Гувернерот на овој мексикански регион изјави дека нема жртви, а властите известија дека се обновува напојувањето во областите каде што е прекинато.
The National Hurricane Center is now forecasting an “unsurvivable storm surge” of up to 20 feet from Hurricane Helene for the Big Bend of Florida. THIS is what that looks like… pic.twitter.com/acbUG3ceSb
— Nahel Belgherze (@WxNB_) September 25, 2024
Максималните ветрови на Хелен се зголемија на 140 километри на час. Американскиот Национален центар за урагани објави дека ураганот од прва категорија се движи кон север низ Мексиканскиот залив со 19 километри на час и се очекува брзо да зајакне. Веројатно ќе предизвика катастрофални ветрови и бура долж брегот на Мексиканскиот залив. На ураганите им треба температура на површината на морето поголема од 27 Целзиусови степени за да се формираат.
Во моментов, водите на Мексиканскиот залив се на 30-32 степени или два степени над нормалата за овој период од годината.
Hurricane #Helene Strengthening and Expected to Bring Catastrophic Winds And Storm Surge up to 20 Feet to the Northeastern Gulf Coast of Florida with landfall strength of Cat 4 – Cat 5. pic.twitter.com/wPcGw2doYA
— Justa_Guy (@Justa_Guy907) September 26, 2024
Ова ќе го поттикне развојот на Хелен и ќе доведе до она што метеоролозите го нарекуваат „брзо засилување“. Националниот центар за урагани очекува Хелен да достигне максимална сила како голем ураган од 4-та категорија непосредно пред да падне на копното во окрузите Биг Бенд Тејлор, Џеферсон и Вакула во четвртокот вечерта по локално време. Националниот центар за урагани ја повика јавноста да побрза со подготовките за заштита на животите и имотот пред пристигнувањето на ураганот.
Канцеларијата на Националната метеоролошка служба во Талахаси објави дека брановите предизвикани од бурата во заливот Апалачи, Флорида, може да достигнат висина и до шест метри. Ваквите бранови се сметаат за катастрофални и опасни по живот. Невремето може да биде и опасно по живот бидејќи водите од поплавите се движат од брегот кон внатрешноста.
Hurricane Helene Causes Massive Flooding and Damage in Quintana Roo, Mexico
Severe flooding and material damage have been reported in Quintana Roo, with the Cancun hotel area heavily impacted. Thankfully, no loss of life has been reported. Recovery efforts are currently… pic.twitter.com/7Rq0YRTrPo
— Kristy Tallman (@KristyTallman) September 26, 2024
На прес-конференција, градоначалникот на Талахаси, Флорида, исто така ги предупреди жителите да бидат подготвени. „Ни истекува времето. Бидете свесни за тоа што ни претстои бидејќи сме на работ на она што може да биде историски настан“, рече градоначалникот Џон Дејли.
Во Атланта сите државни училишта ќе бидат затворени во четврток и петок. Републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј Ди Венс ги откажа двата митинга во Џорџија планирани за четврток. „Ширум југоисточниот дел на Соединетите држави, бурата може да предизвика катастрофални и потенцијално опасни по живот поројни поплави и урбани поплави“, истакнува Националниот центар за урагани. Се очекува ураганот да донесе до 25 см дожд на метар квадратен во југоисточниот дел на САД.
Издадено е предупредување за поплави за област од Флорида до Тенеси, а најтешко се очекува да биде регионот Биг Бенд на Флорида. Биг Бенд беше погоден од ураганот Идалија во 2023 година и ураганот Деби минатиот месец.
Одделот за управување со вонредни состојби на Флорида објави список на окрузи каде што се издадени доброволни или задолжителни наредби за евакуација пред Хелен.