|

(Видео) Авиони се судрија над Флорида, четири лица загинаа

Четири лица загинаа во судир на два мали авиони за време на лет над Флорида.

Авионите се урнаа во езерото Хартриџ во Винтер Хевен. Службите за итни случаи и спасувачите излегле на местото на настанот и пронашле еден авион на приближно шест метри под површината на езерото, додека другиот бил делумно потопен.

„Се судрија во воздух, двата авиони веднаш паднаа во водата. Спасувачите ги извлекле телата на четири лица кои биле во авионите“, изјави Стив Лестер од канцеларијата на шерифот на округот Полк, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Полицијата го објави идентитетот на три од четирите жртви: Фејт Ајрин Бејкер (24), Захари Џин Мејс (19) и Рандал Елберт Крафорд. Се утврдува идентитетот на четвртото починато лице.

Вчера два мали авиони се судрија недалеку од Рим во Италија. Во таа прилика загинаа и двајцата пилоти.

Слични Објави