РЕГИСТРИРАНО НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ВО СЛОВЕНИЈА

/

Според податоците на Министерството за здравство на Словенија, изминатото деноноќие се направи нови 1.232 тестирања, со кои се потврдени 28 случаи на новозаразени со коронавирусот, пренесува Инфоплус.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, ова претставува намалување на бројот на инфицирани во споредба со минатите денови.

Во овој момент поради Ковид-19 хоспитализирани се 94 лица, а на одделенијата за интензивно лекување се наоѓаат 37 пациенти.



Во изминатите 24 часа, од болница се отпуштени 11 пациенти, а пет починале како последица од Ковид-19.



Претходна статија

ОСМАНИ: ВОВЕДУВАЊЕ НА 100% ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН, ЌЕ БИДЕ УСПЕШНО ВО БИТКАТА ПРОТИВ ВИРУСОТ

Следна статија

ВЛАДАТА ЈА ДОНЕСЕ УРЕДБАТА ЗА КРАТЕЊЕ НА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ

Најново од Вести