(Видео) Авионот од Малме не успеа да слета во Охрид туку во Тирана
Авионот на „Визер“ кој не можеше да слета во Охрид, доби нова рута и слета во Тирана. Пилотот имаше неколку обиди, но не успеа да стигне до финалната дестинација, аеродромот „св. Петар и Павле“.
Обидите траеја околу половина час, но бидејќи невремето не запираше, пилотот доби нови насоки. Тој слета час и половина подоцна, од планираното време.
