|

(Видео) Бајден повторно се сопна додека се качуваше во авион

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден (80) повторно се сопна додека се качуваше по скалите во авион.

Инцидентот се случи додека тој се подготвуваше да ја напушти воздухопловната база Максвел во Алабама, пишуваат американските медиуми.

Најновата снимка од падот повторно предизвика коментари на социјалните мрежи.

Joe Biden tripped up the stairs on Air Force One — AGAINpic.twitter.com/M4n7MmpEN3

— Benny Johnson (@bennyjohnson) March 6, 2023

„Мислите дека технолошки најнапредната нација во светот би можела да смисли подобар начин да го качи Бајден и да го симне од авионот?“, „Скалите се неговиот најголем непријател“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Иако лекарите по физичкиот преглед минатиот месец констатираа дека Бајден е здрав, силен 80-годишник, способен за должност, беше наведено дека американскиот претседател боледува од вкочането одење и невропатија во стапалата, пренесуваaт американските медиуми, поради што многумина во таа земја се прашуваат зошто обезбедувањето не застане до американскиот лидер додека тој се качува по скалите.

Бајден доживеа речиси идентична ситуација минатот месец по посетата на Полска. Претседателот на САД и тогаш беше снимен како се сопнува при качувањето во претседателскиот авион.

 



Слични Објави