(Видео) Бојко Василев: Мицкоски игра една игра, која Европа многу ја сака
Нацрт-извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, на мое огромно жалење и на многумина други не носи добри вести за вистинскиот напредок на земјата кон ЕУ. Во него, сепак, неколкупати се појавува прашањето за идентитетот и јазикот во Република Северна Македонија. Ова го коментираше во емисијата „Денот започнува“ новинарот и водител на „Панорама“ на БНТ – Бојко Василев. Според него, вакви теми не припаѓаат во ваков тип извештаи.
„Тоа е исто како сега јас да направам извештај за новинарските квалитети на Симеон и во тој извештај да напишам: „Симеон секогаш се викал Симеон, тој е крстен Симеон и секогаш се викал така. Тој е Бугарин, секогаш зборувал бугарски, уште од мал зборувал бугарски јазик…“ Ако го напишам тоа, што ќе помислиш, Христина? Ќе помислиш дека има некаков проблем со тој идентитет“, коментира Василев.
Тој објасни дека тоа е барање од страна на Северна Македонија, но го постави прашањето зошто известувачите го вклучуваат тоа.
„ЕУ продолжува да ja смирува владата на Северна Македонија дека никој нема да ја допре нивната идентитетска определба, никој нема да им го смени начинот на кој го нарекуваат својот јазик. Прашањето е во тоа што барањата на Христијан Мицкоски растат. Тој веќе зборува дека треба да се вклучи во извештајот вековниот македонски идентитет, на што, пак, од бугарска страна се вели дека треба да се акцентира врз современиот – и така прашањето пак се оддалечува“, објасни Василев.
Нешто загрижувачко – сегашната влада на Северна Македонија продолжува да бара изговори за да не го направи најочигледното нешто што претходниот парламент го договори – да ги вклучи Бугарите во Уставот. Според него, Бугарија – како што се очекува и во Скопје – нема да ја наведне главата. А и тоа не се отстапки кои Бугарија може и треба да ги направи.
„Ова не е каскада од барања. Ова е европската рамка и таа исто така треба да се испочитува“, додаде новинарот.
Според него, Христијан Мицкоски игра со Европската унија:
„Мицкоски игра една игра што Европа многу ја сака. Тоа е играта: Ако не ме примиш, ќе те изневерам. Ќе те изневерам со Трамп, со Путин, со Орбан.“ Иако Орбан е во ЕУ, тој има поинаква позиција. Неговиот идеал за однесување е српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во последниве години успева да покаже дека може да игра со сите коњи. Но таа игра не е долгорочна. Воопшто, со ЕУ не се играат игри…“
Според него, сите треба да бидат свесни дека сè повеќе нешта во Европа зависат од европскиот гласач.
„Во интерес на сите е Северна Македонија да влезе во ЕУ – пред сè во интерес на нејзините граѓани, но и во интерес на Бугарија. Кога Бугарија влезе во ЕУ, таа го направи тоа со желба за промена, со почит кон сите членки – од најголемата до најмалата. Тука имаме поинаков менталитет. Тука, како да го има чувството дека Европа сака да влезе во Северна Македонија, а не обратно. Тој менталитет е наследство од југословенските времиња.“
Според него, тоа не е европски начин на размислување.
