|

Заврши комплексниот зафат за подобрување на водоснабдувањето во Скопје кој се прави еднаш на 60 години

ЈП Водовод и канализација заврши со комплексниот технички зафат кој се прави еднаш на 60 години за подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и за намалување на загубите на вода.

„Од името на град Скопје сакам да истакнам благодарност до тимот на Ј.П. Водовод и Канализација Скопје кој под раководство на директорот Тони Миновски, беше целосно ангажиран и во подготвителната и во изведбената фаза на овој комплексен технички зафат за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, што е потфат кој се прави еднаш на 60 години за подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и за намалување на загубите на вода“, соопшти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Со ваквото поврзување се создадаваат услови за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата магистрални цевководи во градот Скопје“, појасни Арсовска.

Од Здружението на Инженери на Македонија велат дека оваа интервенција воопшто не била рутинска туку станува збор за високо сензибилна операција, со реални ризици по стабилноста на системот и со потреба од прецизна координација и инженерска решителност и храброст.

„Тимот на инженери и техничари не само што се соочи со технички ризици како што се појава на воздушни џебови или потенцијално оштетување на клучните сегменти од мрежата, туку покажа и извонредна организациска зрелост: 70% од времето го насочија во детални подготвителни активности, а 30% во ефикасна и безгрешна изведба, која траеше цели 28 часа непрекината работа“, велат од Здружението.



Слични Објави