| |

(Видео) Бугарија е новиот европски шампион во шах во женска конкуренција

Бугарската шаховска репрезентација жени во состав Нурѓул Салимова, Антоанета Стефанова, Белослава Крстева и Гергана Пејчева го доби решавачкиот меч за титулата на Европското првенство во Будва против Грузија со 2,5:1,5 поени, јавува Спортал.бг.

Во меѓувреме, директниот конкурент Азербејџан ја победи Србија со 3:1 и се бореше до крај да ја симне Бугарија од првото место, но на крајот собра 7,5 бода и остана во подножјето на врвот.

Дополнително, Бугарките имаа предност од директниот меч меѓу двете репрезентации, бидејќи пред две кола ги совладаа Азербејџанците со 2,5:1,5 поени.



Слични Објави