(Видео) Бугарската партија ИТН подготвува декларација за бугарската позиција во однос на РС Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ
Бугарската партија „Има таков народ“ ќе подготви официјална декларација со која Българија повторно ќе ја потврди својата јасна позиција во врска со Северна Македонија. Декларацијата ќе биде подготвена уште следната недела и ќе биде предложена на секоја од политичките формации во бугарскиот парламент, објави пратеникот Станислав Бабаланов, пренесува БГНЕС.
Оваа декларација, додаде пратеникот, ќе ги вклучи сите потребни договори што се случиле од Договорот за добрососедство и сите елементи кои спаѓаат во преговарачката рамка, за да не се дозволи притисок зад затворени врати надвор од Бугарија кон РСМ и да им се остави патот кон Европската Унија без да ги исполнуваат условите за пристапување, беше категоричен Станислав Бабаланов.
Декларацијата ќе го содржи и предлогот, по потребната истрага во врска со оваа тема, доколку е потребно, да се отстрани известувачот Томас Вајц.
Уште пред да го видиме извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, имаме факти со што точно треба да се борат нашите бугарски претставници таму, изјави Бабаланов пред новинарите во парламентот денес. Тој го оцени како исклучително скандално тоа што известувач за темата за РСМ е Томас Вајц, кој е член на групата на „Зелените“ и на Европскиот слободен алиjaнс.
Европскиот слободен алијанс е група која пред помалку од две недели, на својот конгрес во Ница, донесе апсолутно антибугарска декларација во која тврди дека Бугарија спроведува геноцид над некаков македонски јазик, а освен тоа дека Бугарија ги принудува Бугарите во Албанија да се самоопределат како Бугари, додека тие всушност биле Македонци, потсети Бабаланов и праша: Зошто се случува ова?
Бидејќи во истата таа партија членува ОМО „Илинден“ – организација, непризнаена од нашите закони и нерегистрирана во Бугарија. И ете, човек кој претставува во ЕП „Зелените“ и овој Европски слободен сојуз, во кој членува ОМО „Илинден“, го пишува извештајот за Северна Македонија. Не знам како ниедна државна институција не дошла до оваа информација и не реагира“, праша Бабаланов.
Тој ги повика претседателот Румен Радев, премиерот Росен Желјазков и надворешниот министер Георг Георгиев на реакција.
Бабаланов објави дека заедничката декларација на парламентот ќе биде испратена во Брисел.
