(Видео) Бугарски историчар: Царот Самoил е еден од најголемите бугарски цареви, тоа го докажуваат ромејските летописи
Царот Самoил бил државник и воин, кој успеал да ја обедини Бугарија и да го прошири нејзиното влијание во Југоисточна и Централна Европа. Тој е еден од најголемите бугарски цареви и тоа го докажуваат ромејските летописи. Кај преминот Трајанова порта успеал целосно да ги победи Римјаните. Сметките за загубите што ги претрпел во битките кај Сперхеи и Скопје се спорни, бидејќи тие ја споменуваат истата грешка, нетипична за воин од рангот на царот Самоил. Навикнати сме битката кај Клуч да ја гледаме како трагедија, но има доволно аргументи да докажеме дека тоа воопшто не е така. Не можеме да зборуваме за освојување на Бугарија од Византија, туку за доброволно приклучување.
Ова во интервју за БГНЕС го вели историчарот Еманoил Гавелски, кој е автор на студијата „Тврдината на Трајанова порта“.
Во својата книга, Еманоил Гавелски се обидува да докаже дека, тоа што го знаеме од историските книги за времето на цар Самоил е попрво искривување на историската вистина.

