(Видео)Даути: Ние Албанците можеме да научиме нешто од Бугарите, целата јавност таму е мобилизирана во однос на РС Македонија

///

Од Бугарите би можеле да научиме и ние Албанците, како сега целата бугарска јавност обединета во однос на прашањето со РС Македонија. Тоа го кажувам без да заземам страна во однос на прашањето со ветото за РС Македонија од страна на Бугарија. Заедничкиот став на бугарските граѓани, новинари и политичари е реализација на девизата “Соединението ја прави силата“, изјави младиот албански интелектуалец Рилинд Даути, кој беше гостин во емисијата Hyde Park на порталот Трибуна.

Во однос на проектот „Отворен Балкан“, Даути истакна дека меѓу земјите од Западен Балкан постои поделеност, потсетувајќи дека дури просрпските партии во Црна Гора не го поддржале.

„Дури и просрпските партии од ЦГ застанаа против Мини Шенгенот. Државите се поделени, а да не забораваме дека ЕУ не стои официјално позади проектот“, изјави Даути.

Според Даути во однос на т.нар проект „Српски свет“ има многу нејаснотии и е нешто, кон кое треба да бидеме внимателни, но не треба да се плашиме.



Даути изрази сомнеж дека е возможно Грција да и стави вето на Албанија, заради отворените прашања што ги има меѓу Атина и Тирана.

„Досега Македонија беше камен околу вратот на Албанија, ама може да се случи грчко вето за Албанија во ЕУ, па да се сменат ролјите за тоа кој кому ќе му биде камен и вратот“, изјави Даути, кој додаде дека за него е неразбирливо одењето во пакет на РС Македонија и Албанија на патот кон влез во ЕУ.



Претходна статија

Бугарските социјалисти нема да испратат свој претставник во делегацијата на премиерот Петков во Киев

Следна статија

(Видео) Малата базилика во Филипопол

Најново од Вести