| | |

(Видео) Дебата „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и „српскиот свет“ во организација на СДА Македонија

СДА Македонија во Скопје на 30 јули ја организираше дебатата „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и ‘српскиот свет’“, посветена на европската перспектива на земјата и на политичките, медиумските и економските влијанија од регионот.

Во фокусот на дискусијата беше прашањето дали процесот на европска интеграција е блокиран исклучиво од надворешни фактори или земјата постепено се оддалечува од европскиот пат.

На дебатата беа разгледани и тврдењата за зголемено политичко, медиумско и економско поврзување на Северна Македонија со концептот познат како „српски свет“.

Домаќин, модератор и воведничар на настанот беше претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ.

Во дискусијата учествуваа поранешната пратеничка и колумнистка Никица Корубин, критичарот и поранешен министер за култура Роберт Алаѓозовски, претседателката на Советот на СДСМ, проф. д-р Ана Чупеска, претседателот на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦИВИЛ МЕДИА, Џабир Дерала, генералниот секретар на Партијата за движење на Турците – ТХП, Џабир Доко, како и новинарот и граѓански активист Петрит Сарачини.

Настанот беше во продукција на ЦИВИЛ МЕДИА, а продукцискиот тим го сочинуваа Ариан Мехмети и Дехран Муратов.

Слични Објави