| |

ВИДЕО: ЏОНСОН: ИЗЛЕЗЕТЕ И ИСКОРИСТЕТЕ ГО СВОЕТО ПРАВО ДА ГЛАСАТЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ

– Мошне е важно за Македонија и Грција да имаат решен спор за името. Двете земји имаат двајца храбри лидери, премиери кои вложија голем напор за да го решат овој спор. Тоа е единствениот начин на кој Македонија може да влезе во НАТО, истакна сенаторот Џонсон.

Тој ги охрабри сите македонски граѓани да го искористат своето право, да гласаат на референдумот кој ќе се одржи на 30 септември. Во врска со отпорот, што кон Договорот го има и во Македонија и во Грција, но и ставот на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Ѓорге Иванов дека Договорот е штетен, Џонсон напомена оти во Македонија доаѓа од Грција и оти увидел дека и таму има големо спротивставување кон Договорот.

Слични Објави