|

Еруптираше вулкан во Јапонија, облаци чад до 5.000 метри над кратерот

Во областа Кагошима, на југозападот на Јапонија, еруптираше вулканот Сакураџима, кој испрати облаци од чад и до 5.000 метри над кратерот, соопшти  локалната метеоролошка опсерваторија.

Во моментов нема извештаи за повредени или оштетувања на згради, соопштија властите на јапонската префектура Кагошима, пренесува Kyodo.

Метеоролошката служба на регионот издаде предупредување за вулканска активност на трето ниво, повикувајќи ги луѓето да не се приближуваат до вулканот.

Ерупцијата на вулканот се случила во кратерот Минамидаке околу 18:33 часот по локално време, а облаците од чад, за првпат по ерупцијата во 2020 година што се случи во истиот кратер, достигнаа висина од 5.000 метри.



Слични Објави