| | |

(Видео/ Галерија) Обединетата кукерска група на село Крупник зеде учество на кукерскиот фестивал „Симитлија-Древната земја на кукерите“

Погледнете ги прекрасните костими на учесниците во обединетата кукерска група на село Крупник, кои земаа учество на кукерскиот фестивал „Симитлија- Древната земја на кукерите“.

Фестивалот „Симитлија-Древната земја на кукерите“ годинава за 20-ти пат се одржа на стадионот во градот Симитли во Бугарија. Во фестивалот учествуваа повеќе од 10 илјади луѓе од цела Бугарија, тие беа маскирани, по стара традиција по повод празникот „Сурва“ 1/14 јануари.

Во селото Крупник традиционално секоја година на 1 јануари т.нар. бабугери го бркаат лошото и ги посетуваат домовите на луѓето за здравје и берикет.

Кукерската група на село Крупник, беше предводена од кметот на селото Александар Равначки, кој исто така беше облечен во кукерски костим. Домаќин на фестивалот беше градоначалникот на општина Симитли Апостол Апостолов.

Видео: Цветан Војнов

Фотографии: www.simitli.info



Слични Објави