(ВИДЕО) ГДУ-КУМАНОВО: ОДГОВОРНОСТА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО Е КОЛЕКТИВНА
„Загаденоста на воздухот во Куманово си ги одржува високите вредности. Скопје може вода да ни носи. Ама сепак тие се главниот град, а ние само најголемата општина во Македонија. Затоа и веќе не сме топ тема за вестите од Македонија.
А ние кумановците, едвај чекаме да дојде вечерта, па угодно да си се сместиме во домовите и херметички да си се забаракадираме. Препорака од власта-немојте да шетате, немојте да спортувате на отворено, немојте да дишете.
Но не е само власта крива. Немаше превенција за заштита-сега сите ќе страдаме. Немаше прилагодување на условите што ни претстојат-сега ќе ги трпиме последиците. Го немаше тракторот за аеросолизација (симболично) кога требаше, сега ќе се чувствуваме по она народното –гуски во магла.
Ама одговорноста е колективна. Не може некој од страна да ни ја чува и штити природата. Тоа мора да бидеме ние самите. Мора да внимаваме што правиме ние лично, но и сите оние околу нас. Еден што може да наштети, ниту илјада не можат да придонесат.
ГДУ-Куманово бара- под итно инспекции и полиција на терен. Репресијата мора да ја замени превенцијата. За втората доцна е, а првата мора да биде благовремена за да даде допринос. Поединците кои немаат осет за никого мора да бидат казнети како опомена за сите потенцијални. Доста беше заедничко казнување на сите нас за вандалските постапки на единки.
Правото на воздух ни е право, но и обврска, па да се однесуваме сходно на тоа“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.