| |

(ВИДЕО) ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: НЕ ТРЕБА ДА ЈА ЗАТВОРАМЕ ЦЕЛАТА ДРЖАВА, АКО МОЖЕМЕ ДА МЕНАЏИРАМЕ СО ПРОБЛЕМОТ

„Делот кој што е во наша надлежност одлично го покриваме. Во овој момент без разлика на високиот број на заразени е под контрола. Во целиот регион, па и целиот свет има зголемен раст. Не смееме да ја затвориме целата држава, ако можеме да менаџираме на овој начин. Луѓето почнуваат да стануваат поодговорни, но недоволно. И тука имам една идеја – Дали застрашување на луѓето преку кампања да ги видат вистински реалните болни ќе има позитивна или негативна улога во ширењето на болеста. Како што е и со сликите кај цигарите така да биде и во со болните од ковид-19“, изјави генерал Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна тв“

Извор: Слободен печат

Слични Објави