ВИДЕО: ЃАВОЛСКАТА КУЛА ВО ВАЈОМИНГ САД
Ѓаволската кула е карпа со форма на обелиск, во североисточниот дел на државата Вајоминг, САД.
Ѓаволската кула е првиот национален парк во Соединетите држави, прогласен за таков на 24 септември 1906 година од страна на претседателот Теодор Рузвелт.
Кулата е висока 386 м. Дијаметарот во основата е околу 300 м, а во горниот дел околу 85 м.
„Ѓаволската кула“ се посетува од речиси 400.000 туристи годишно, при што 1% од нив се искачуваат на нејзиниот врв. Од врвот се гледаат пет држави: Вајоминг, Монтана, Северна Дакота, Јужна Дакота и Небраска.
Кулата е свето место за над 20 домородни индијански племиња, меѓу кои сиуксите, чајените и племињата кијова. Некои од овие племиња сè уште ги практикуваат своите свети ритуали близу неа.