(ВИДЕО) ГЛИГОРОВА И КОЛЕВ ОБРАЗЛОЖИЈА ЗОШТО ВЛЕГОА ВО ПРЕДИЗБОРНА КОАЛИЦИЈА

//

Политичката партија Граѓанско демокртаска унија и граѓанското здружение Движење на Слободни Граѓани во саботата ја објавија својата коалција за парламентарните избори во април 2020.

„Како луѓе од ГДУ кои што сме се залагале за промена на изборниот модел во Македонија, од гледна точка на тоа нашите сограѓани на парламентарните избори да можат преку отворените листи да избираат свои претставници докажани во општеството, со своите позиции, со својата борбеност, со својата готовност, да се спротистават на системот и на проблемите во нашето општество, сметам дека сме должни да направиме ваков чекор. Ми е особена чест и задоволсто како претседател на ГДУ, да објавам дека во ИЕ1 носител на листите во сојузништво со ГДУ ќе биде г-ѓа Ана Глигорова. За нас како ГДУ е чест што во нашите листи во нашата заедничка битка, ќе стоиме рамо до рамо со еден докажан борец, човек кој што е готов да се спротистави на системот и го докажал тоа со реални дејствија“, изјави претседателот на ГДУ, Петар Колев.



„Истражувањето на организираниот криминал, тоа не спои најмногу со ГДУ, бидејќи во ГДУ има интелектуалци, луѓе многу способни во своите фели, кои успеале низ низата на години да влезат во с’ржта на организираниот криминал во Р.Мaкедонија. Оваа партија која во својата агенда ја има онаа филизофија индивидуалецот над сѐ, индивидуалецот над државата, што е суштината на нивното делување, се спојува со она нашето индивидуалецот ДА е над државата, кога државата е вистински организиран криминал и кога државата е всушност преполна со оние мафијаши преоблечени во државни службеници“, изјави Ана Глигорова.

Претходна статија

ВОДАЧ НА СЕКТА СЕ ИЗВИНИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ, ЧЛЕНОВИТЕ ЗАРАЗИЛЕ 2.000 ЛУЃЕ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

Следна статија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕПОРАЧА ОТВОРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Најново од Вести