|

(Видео) Гори хотел во ски-центар во Турција – најмалку 66 мртви, луѓето скокаат од прозорците

Најмалку 66 лица загинаа, а 51 се повредени во пожар што избувна во хотел во ски-центар на планината Болу во северозападна Турција.

Гостите во паника среде ноќ скокнаа од прозорците на зградата на хотелот во ски-центарот Карталкаја, изјави министерот за здравство, Кемал Мемишоглу.

Пожарот избувнал околу 3.30 часот по локално време на катот на кој се наоѓа ресторанот. Зградата на хотелот „Гранд Картал“ има 12 ката, а во моментот на пожарот таму престојувале 234 гости.

Неколку противпожарни возила сè уште се пред уништената зграда.

Текстот (Видео) Гори хотел во ски-центар во Турција – најмалку 66 мртви, луѓето скокаат од прозорците е превземен од МАКФАКС.



Слични Објави