|

(Видео) Гори Москва: напад на главниот град на Русија

Андреј Воробјов, гувернер на Московската област, на комуникациската платформа „Телеграм“ изјави дека неколку дронови биле соборени додека се приближувале до Москва, пишува „Гардијан“.

Не се знае кој ги лансирал и управувал со нив.

Неколку руски канали тврдат дека кон четири и 10 беспилотни летала било стрелано додека се движеле кон Москва и областа околу градот.

#Russian media shows the location of an alleged drone strike near the 25th floor on Atlasova Street in New #Moscow. pic.twitter.com/Y93sNL0W95

— NEXTA (@nexta_tv) May 30, 2023

„Франс прес“ пишува дека Москва ретко била цел на беспилотни летала, но дека често биле мета на такви напади и други градови.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека едно лице загинало во пожар што избувнал во станбена зграда во киевскиот кварт Холосивски откако врз неа паднале остатоци од дрон, пишува „The Guardian“.

#UkraineWar #Ukraine #Russia
In #Kyiv in the #Goloseevsky district, a multi-story building is on fire after being hit by debris. Residents are being evacuated. There is one victim
KMVA pic.twitter.com/WkLrjsl5Cq

— 🛰️ War in Ukraine (@EUFreeCitizen) May 30, 2023

Кличко додаде дека од таа зграда се евакуирани 20 луѓе и дека една постара жена е хоспитализирана. На две лица им е укажана лекарска помош на лице место, рече Кличко.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека беспилотни летала погодиле неколку згради во руската престолнина и им нанеле мала штета, пишува „The Guardian“.

Собјанџин додаде дека нема сериозни повредени во тие инциденти.

„Сите служби за итни случаи се на терен“, изјави Собјанјин.

Руската државна новинска агенција РИА соопшти дека неколку жители на станбена зграда во јужниот дел на градот биле евакуирани.

Ројтерс пишува дека неколку руски канали на комуникациската платформа „Телеграм“ тврдат дека рано во вторникот биле соборени меѓу четири и 10 дронови.

Ниту Ројтерс ниту Гардијан не можеа да ги потврдат овие тврдења.

Украинските сили за противвоздушна одбрана уништија повеќе од 20 беспилотни летала во воздушните напади на Русија врз Киев во вторникот во раните утрински часови, соопштија украинските воени власти.

Во вторникот во раните утрински часови Русија започна нов бран напади врз Киев, при што најмалку едно лице загина, а четворица се повредени.

Нарекувајќи го „масовен“ напад започнат во неколку бранови, шефот на воената администрација на Киев, Серхи Попко, на апликацијата за пораки „Телеграм“ рече дека Русија го извршила нападот користејќи само беспилотни летала Шахед од иранско производство.

Тоа беше трет напад на главниот град во последните 24 часа. Не е познато колку беспилотни летала лансираше Русија.



Слични Објави