|

(Видео) Груби во Владата ги покажа чорапите и ја симна вратоврската за да ја подари на новинарот оти била милитантна

По кавгата со новинарите за изградбата на коридорите 8 и 10 по потпишувањето на договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, вицепремиерот Артан Груби доби прашање каква порака сака да испрати со вратоврската што ја носи, која новинарот што го праша ја оцени како милитантна. Вицепремиерот како одговор од говорницата во мултимедија-центарот во Владата ја крена ногата за да ги покаже чорапите.

„Не е само краватата, и чорапите се. Се работи за стил, но ако така се интерпретира, јас ќе си ја тргнам и нема да ја ставам никогаш повеќе. Ќе ви ја подарам вам“, рече Груби.

Груби на прес-конференцијата ја оправда и вчерашната антистрес-забава во неговата канцеларија со објаснување дека сите амбасадори што дошле кај него шутирале. Рече дека тој е спортски тип и не игра центар, туку дрибла.



Слични Објави