(Видео) Илиев: Можно е делови од ДПМНЕ да поддржат промена на Уставот на РС Македонија
„Изјавите на Бујар Османи, според мене се јасен знак дека оваа година основната цел на РС Македонија е да ги ревитализира преговорите со ЕУ, но тоа е поврзано со промената на Уставот, нешто за што сите албански лидери, ја имаат дадено својата поддршка“, изјави младиот бугарски историчар и аналитичар Кирил Илиев во емисијата „Пресечна точка“ на Воениот телевизиски канал.
Според Илиев, лидерите на албанските партии во РС Македонија се политичарите имаат намера да ја преземат иницијативата во придвижувањето на земјата кон ЕУ.
„Во моментот албанската политичка класа во РС Македонија има јасна намера да ја „повлече“ оваа земја кон Европската унија. Останува да се најде толку одлучност и разумност во нивните македонски колеги“, вели Илиев.
Според него не е исклучена варијантата дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да поддржат промена на Уставот, како што тоа се случи за време на промената на уставното име на земјата во парламентот на РС Македонија. Тогаш 8 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за промена на името на земјата.
„Можно е делови од ДПМНЕ да поддржат промена на Уставот“, прогнозира Илиев.
Тој не ја исклучи можноста за предвремени избори во РС Македонија и истите да се случат, токму пред потребната промена на Уставот на земјата.
Што уште кажа Кирил Илиев годината што претстои пред земјите од Балканот, погледнете во видеото што следи:

