|

Иран го нападна Израел

Иран започна напад врз Израел користејќи десетици беспилотни летала, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел е подготвен.

„Израел во изминатите неколку недели се подготвуваше за можност за директен напад од Иран, а нашата противвоздушна одбрана е распоредена. Подготвени сме за секое сценарио, и за напад и за одбрана“, рече Нетанјаху.

Проценката е дека на беспилотните летала ќе им бидат потребни неколку часа да летаат до Израел.

Пред неколку минути на социјалната мрежа Икс (Твитер) се појави видео за кое се тврди дека ги прикажува камикази дронови лансирани против Израел.



Слични Објави