|

(Видео) Ја победи тешката болест, малата Ангела заѕвони на ѕвончето на онколошкото одделение во Детската клиника

Здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители САНО објави видео од малата Ангела, која се избори со тешката болест и заѕвони на ѕвончето на онколошкото одделение во Детската клиника.

Малата Ангела, која ја напушти Клиниката за детски болести, беше поздравена со аплауз.

„Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот – сестрата на Дамјан здрава си оди дома. Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести. Бравооо, те сакаме херојке наша“ , споделија на „Фејсбук“ од здружението САНО.

Децата што успеваат да ги победат малигните болести се вистински херои на детската клиника, а завршувањето на лекувањето го одбележуваат со ѕвонење на ѕвончето и со аплауз од персоналот.

Слични Објави