|

(Видео) Јакимовски за Мицкоски: Ако каже кога ја направил првата хидроцентрала, ќе видите дека му е батко на Дрин Ахмети

Вчера, во Општина Kарпош имавме настан без преседан во организација и режија на ВМРО-ДПМНЕ, обвини градоначалникот Стевчо Јакимовски.

„Христијан Мицкоски, наместо да организиран протести пред Владата, тој организира протести кај опозицијата и тоа за измислен проблем, за улица што ја проектирал Коце Трајановски, ја потврдил Миле Јанакиески, да го обвинуваат Стевчо Јакимовски. Како наводно јас ќе направам улица со која ќе го срушам шеталиштето што јас сум го направил, фонтаната што јас сум ја направил, ќе ги срушам дрворедите, клупите што јас сум ги направил“, рече Јакимовски.

Како што соопшти градоначалникот, тоа се улици направени во согласност со генералниот план и ние само ги преземаме од генералниот план.

„Сите барања на граѓаните беа почитувани и беа викнати на повторен состанок дали е тоа така како што барале. Тие ни потврдија. Има лаги дека ќе има згради. Сето тоа го направија Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно многу го пече прашањето за хидроцентралите и ако го прашате на колку години ја направил првата хидроцентрала и ако каже, ќе видите дека му е батко на Дрим Ахмети, не е многу постар од него“, додаде градоначалникот Јакимовски.

Слични Објави