| |

Зеленски е во Бугарија, ќе се сретне со премиерот Денков и претседателот Радев

Претседателот на Украина Володимир Зеленски пристигна во Бугарија и ќе разговара со премиерот Николај Денков и со претседателот Румен Радев.

„Ќе имам важни разговори со премиерот Николај Денков, ќе се сретнам со претседателот Румен Радев, владини претставници, парламентарци, политичари и новинари. Одбранбена поддршка, евроатланска интеграција, самит на НАТО, безбедносни гаранции и имплементација на Формулата за мир“, напиша тој на Твитер.



Слични Објави