| |

ЕУ ја повика РСМ да ги гони и осуди пројавите на омраза против Бугарите

Бугарија претстави пред Советот ,,Oпшти прашања” на ЕУ, декларација за неопходноста од ефективно гонење и осуда на криминалните дела од омраза од страна на власта во РС Македонија. Советот ,, Oпшти прашања ” ги прифатил заклучоците на бугарската страна, јавува БГНЕС.

Темата е дел од владеењето на правото и основните човекови права и слободи кои се клучен критериум за напредок во процесот на пристапување ком ЕУ, се подвлекува во декларацијата. Бугарската заменик министерка за надворешни работи Велислава Петрова изразила сериозна вознемиреност поради зголемениот број напади од омраза кон граѓани на РСМ со бугарска самосвест. Во врска со тоа беше поднесена и самата декларација.

Советот ,,Oпшти прашања” ги прифатил заклучоците на бугарската страна, по политиката на проширување на ЕУ, дел од кои е и самата декларација.

Потегот доаѓа откако два бугарски културни клуба во РСМ беа нападнати неколку дена по договорот меѓу Софија и Скопје да се работи на намалување на тензиите меѓу двете земји.

Слични Објави