Зеленски: Благодарам за поддршката; Денков: Независна Украина е клучна за безбедноста во регионот
Драги Бугари, мило ми е што го посетувам вашиот главен град на покана на премиерот и на Владата на Бугарија. Многу е важно што во оваа морална криза во Европа, Бугарија е противник на политиката на геноцид што Русија ја води против нашата земја и нашата независност. Односот кон Русија, за жал, во различни земји не е недвосмислен. Ова се објаснува со фактот дека на луѓето понекогаш им е тешко да ја објаснат реалноста на злото, особено кога не го сретнале.
Ова го изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој е во еднодневна посета на Бугарија. За време на посетата тој ќе се сретне со премиерот, вицепремиерот, претседателот и лидерите на пратеничките групи кои го поддржуваат влезот на Украина во НАТО по завршувањето на војната, јавува БГНЕС.
И благодарам на Бугарија за поддршката и заштитата на животите на нашиот народ, ви благодарам господине премиер, благодарам на вицепремиерот и на Владата и на парламентот на Бугарија за моралната сила на вашите одлуки, што искрено ја препознаа реалноста а во едно со тоа и постоечките закани. Руските окупатори дојдоа во нашата украинска земја, тие убиваат, мачат, депортираат деца, ние сме принудени да ги бараме украинските деца, бидејќи Русија ги киднапира, ги одвои од нивните семејства и се обидува да ги научи на своите норми. Сега кога мораме да бидеме обединети и да изградиме меѓународен поредок заснован на правила, секој што сака мир за себе и за другите народи, единството е патот да го направиме тоа.
Денеска со премиерот Денков имавме многу комплексни преговори, особено во однос на безбедноста. Неодамнешниот напад на Русија врз хидроцентралата Каховка го загади нашето заедничко Црно Море и покажа колку е кревка ситуацијата во нашиот регион. Денеска се договоривме значително да ја интензивираме соработката во секторите за одбрана и секако ќе споделиме со нашите партнери дека нашата заедничка сила станува поголема, додаде Зеленски.
Ќе го продолжиме разговорот, особено за лекувањето и рехабилитацијата на украинските војници во Бугарија и за обуката на воено-медицинскиот персонал во Бугарија. Зборувавме и за обновата на Украина, особено во образовната сфера, додаде претседателот на Украина.
Разговаравме и за нашата соработка на полето на европската и евроатлантската интеграција, сметаме и на идното членство на Украина во ЕУ. Ова е веќе 22-ри пакет санкции против Русија.
Уште еднаш, благодарен сум. Се уште не е назначен амбасадор на Бугарија во Украина, но тоа ќе го направиме наскоро. И благодарам на Бугарија што ги прифати нашите луѓе како бегалци, тоа беше многу тежок момент за нашата земја, заклучи Зеленски.
Добредојдовте во Бугарија. Задоволство ми е да ви посакам добредојде и да ја изразам мојата и поддршката на владата во борбата на Украина против Русија. Бугарија е доследна во поддршката за суверенитетот и интегритетот на Украина. Независна и суверена Украина е клучна за безбедноста во регионот и Европа. Ова го изјави премиерот Николај Денков по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Русија исто така мора да ја сноси својата одговорност за воените злосторства. Украина зазема важно место во надворешнополитичките приоритети на Бугарија. Во Украина се наоѓа најголемата бугарска заедница надвор од границите на Бугарија. Уште од првите денови на конфликтот, тогашниот премиер Петков и министерот Василев се ангажираа на европско ниво. Кабинетот Петков ја вклучи нашата земја во напорите да и се помогне на Украина – политички и дипломатски, Бугарија стана втор дом за стотици илјади кои избегаа од ужасите на војната.
Нашата земја ги поддржа сите пакети санкции на Русија, додаде Денков.
Бугарија ќе продолжи да помага во подготовката на Украина за нејзино вклучување во НАТО и ЕУ.
Нашата земја е подготвена да учествува во повоената реконструкција на Украина – за енергетската и транспортната инфраструктура. Бугарските компании се подготвени да помогнат во реставрацијата и конзервацијата на спомениците на културата во Украина, а од денешните разговори дознавме дека Украина е заинтересирана за заедничка работа на полето на образованието и развојот на нови образовни технологии. Бугарија сака одржлив и праведен мир за светот и ќе направи се што е потребно за тоа, додаде премиерот.
Очекувам за само неколку дена повторно да го видам претседателот Зеленски на самитот на НАТО во Вилнус, кога ќе се одржи првиот состанок на новоформираниот Совет НАТО-Украина, на кој ќе се донесат важни одлуки, заклучи Денков.
Благодарни сме за поддршката за одбраната што Бугарија и ја пружи на Украина. Таа е апсолутно јавна. Ова е одбранбен пакет, а не офанзивен. Пакет за да можат да ги заштитиме нашите деца. Кога зборуваме за артилерија, таа е за да ги спречиме агресорите повторно да дојдат кај нас. Дали е тоа неправедно?
Кога зборуваме за воздухопловните сили, на што пукаат – цивилното население. Денеска се убиени луѓе на границата со Полска.
Вашата одлука да и помогнете на Украина е суверена одлука. Ќе ги заштитиме нашите деца или ќе останеме без нив. Не знаеме каде се 200.000 деца. Се бориме за правата на луѓето, нагласи Зеленски.
Читам стручни мислења, важно е дека почнаа сериозни разговори дали реакторите би можеле да се користат во некоја од нуклеарните централи во Украина. Ова е почеток на преговорите, има многу технички, финансиски, економски параметри за кои треба да се разговара. Разговорот во суштина е за опремата, рече Денков.
Мојата молба е отсега да се слуша што вели министерот за енергетика, посочи Денков.