(Видео) Јотова: Во Законот за бугарско државјанство треба да има дел, што дава можност за одземање на државјанството, во случаи на антибугарски активности
Во Законот за бугарско државјанство треба да има дел, што дава можност за одземање на бугарското државјанство, во случаи на антибугарски активности. Ова во емисијата „Брисел 1“ на познатата бугарска новинарка Милена Милотинова, го изјави потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.
„Во последните години видов многу луѓе, кои имаат бугарски документи, бугарски пасош, како водат едни од најомразните пропагандистички кампании против Бугарија. Треба да има таков текст, што за антибугарска и антидржавна активност, бидејќи тоа за мене е активност, а не со приказни, треба да има можност да се одзема бугарското државјанство. Јас лично и мојот тим, ќе се ангажираме да разговараме со колеги од парламентот, меѓу двете читања на законот, да биде вклучен таков текст “, изјави Јотова.
Бугарската потпретседателка изрази задоволство дека во законот е предвидено самото доделување на документите да биде со свечена церемонија. Според Јотова е важен фактот што за добивање на државјанство е предвидено задолжително познавање на бугарскиот јазик до одредено ниво.
„Замислете само, години наназад, се давало бугарско државјанство, на луѓе со бугарско потекло, кои не го познаваат бугарскиот јазик. Тоа ниту една земја во светот, не само во ЕУ не си го дозволила, ние бевме единствените. Се надевам дека таа измена ќе успее“, изјави Јотова.
Целиот разговор со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова можете да го проследите во продолжение:
